Тури
Во текот на оваа четиричасовна тура, истражете ја
Битола, вториот по големина град во Република
Македонија, познат и како - Градот на конзулите,
клавирите, модата, првата камера на Балканот….
Посетете го археолошкиот локалитет Хераклеја
Линкестис, Градскиот музеј, Католичката црква „Пресвето
срце Исусово“, најголемиот православен храм Свети
Димитриј, симболот на Градот – Саат кулата, џамијата Исак
Челеби…
Прошетката завршува во шармантната Стара
чаршија, со посета на малиот битолски Монмартр,
уметничко студио и колонија како една од локалните
гордости на градот.
· Посетете го археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис
· Прошетајте низ главната пешачка улица Широк Сокак
· Набљудувајте ја Саат-кулата (симбол на Битола)
· Прошетка низ Старата битолска чаршија
!!! Добро е да се знае: Светски познатите подни мозаици во
Археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис вообичаено
се отворени од Април до Ноември.
Нашата полудневна тура ја започнуваме на 3 километри од
денешниот центар на Битола, археолошкиот локалитет Хераклеја
Линкестис. Римската јавна бања, Големата базилика, Античкиот
театар со нереална акустика се само дел од работите што ќе ги
видиме таму. Подоцна продолжуваме до денешниот Градски музеј.
Сместен во зградата од 1848 година, битолскиот музеј со право се
гордее со својата колекција и илјадниците експонати со огромно
културно и историско значење.
Прошетката подоцна продолжува низ Широк сокак, (нашата
верзија на парискиот Шанзелизе), Офисерскиот дом, Црквата Св.
Димитриј, Домот на културата, Саат Кулата….
Следно на нашата агенда е посета на Старата чаршија.
Битола во текот на 19 век, како втор по големина град во
европскиот дел на Отоманската империја (по Солун),претставуваше
многу важен трговски центар со над 2000 продавници и
работилници, а повеќето од нив се наоѓаа во Старата чаршија.
Слободно време за ручек и купување на некој локален
сувенир.
Попладне се упатуваме кон НП Пелистер, нашата гордост и
бегство од урбаната џунгла и високите температури во летниот
период.
Планината Баба, попозната како Пелистер (највисокиот врв
2.601 м.н.в.) е најјужната планина со алпски карактеристики во
Европа.
Борот Молика – “Pinus peuce” е најпознатиот претставник на
флората и фауната во Националниот парк Пелистер. Иако
Моликата се среќава и на други планини на Балканот, една од
најстарите и најкомпактни шумски заедници може да се најде
на Пелистер. Со прошетка по Пелистер може да се најдат
дрвја постари од 230 години. Доцна попладне се враќаме во
центарот на Градот.
*Времетраење на турата: 7 - 8 часа
Ова е рекреативна тура е наменета за сите вљубеници во
планината и недопрената природа. Најпрво ќе го посетиме Инфо
Центарот за да се запознаеме со флората и фауната, богатиот
биодиверзитет, специфичен за најстариот Национален Парк во
некогашна Југославија.
Следи прошетка која ќе не однесе до уникатниот балкански
ендемичен бор со 5 иглички - Молика (Pinus peuce), типичен за НП
Пелистер. Прошетка во која ќе уживаме во мирот и мирисот на
природата и откриеме прекрасни места со поглед на околината кој
го одзема здивот.
*Должина на турата е: 6 - 8 км.
*Времетраење на турата: 4,5 – 5 часа.
*Почетна точка 1420м.
*Крајна висинска точка: 1800м.
Заштитни знаци на Националниот парк Пелистер се борот
Молика, камените реки, бистрите изворски води, а особено
големото и малото езеро, попознати и како Пелистерски очи. Ова е
единствена можност за сите спортисти, планинари но и
рекреативци кои сакаат да уживаат во недопрените планински
предели и фантастичната природа.
Во зависност од кондициската подготвеност на пријавените,
како и од временските услови, оптималното време за искачување во
еден правец е помеѓу 3 и 3,5 часа.
Можност да се направат уникатни фотографии кои ќе
останат како еден прекрасен спомен од ова искачување.
*Должината на турата во двата правци: 12км.
*Времетраење на турата: околу 8-9 часа.
*Почетна точка 1170м.н.в.
*Крајна точка: 2218м.н.в.
*Тежина на турата – умерена/тешка.
Ве покануваме на викенд патување во Битола. Два дена исполнети со разновидни
содржини, стекнување на нови искуства, знаења, забава и се разбира - уживање во
недопрената природа на Националниот Парк Пелистер.
Би сакале да ви го претставиме Градот на конзулите, сместен на само неколку
километри од археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис и Националниот Парк
Пелистер, да ви ја доближиме неговата богата историја, култура и традиција.
Наша препорака е престој во Битола со две ноќевања и комбинација на различни
активности.
За таа цел, тимот на “Bitola City Guide” изготви предлог понуди за
кои сме сигурни дека ќе бидат примамливи и интересни.
Предлог бр. 1
Прв ден - Пристигнување во Битола во претпладневните часови. Следи посета на
археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис кој се наоѓа на околу 3км од денешниот
центар на Градот. Запознавање со богатото културно наследство од тоа време. Од тука
продолжуваме кон најпознатото корзо или пешачка зона, популарниот Широк Сокак.
Слободно време за кафе/пијалок и уживање во погледот кон прекрасната архитектура на
самата улица и амбиентот кој не опкружува. Следи пешачката тура која трае нешто повеќе
од час и половина преку која ќе се запознаеме со најважните историски случувања,
објекти и настани кои оставиле длабок траг во Битола.
Претпладневна пешачка тура ја завршуваме во Старата битолска чаршија која е
една од најавтентичните на Балканскиот полуостров.
Околу 14:30ч имаме организиран ручек, на кој покрај познатите македонски
традиционални јадења, ќе имаме можност да уживаме и во неколку автентични битолски
специјалитети.
Сместување во хотел со 3 или 4 * во зависност од расположливите капацитет (хотел
Капри, хотел Бела Куќа, хотел Театар...). Следи организирана вечера во еден од
битолските ресторани или посета на ноќен клуб. Ноќевање
Втор ден - После појадокот се упатуваме кон веројатно најубавата планина во
Македонија, Националниот Парк Пелистер. Најпрво го посетуваме Инфо центарот во кој
ќе се запознаеме со најважните нешта кои го красат Националниот Парк, а подоцна
продолжуваме со пешачење по лесна (20-25 мин во еден правец) или малку пострмна(70-
80 мин во еден правец), обележана планинарска патека. Можност да дишеме свеж
планински воздух, да уживаме во неверојатните пејсажи и да направиме фантастични
фотографии.
Околу 14:00ч се упатуваме кон еден од најквалитетните ресторани на самата
планина каде што покрај храната, ќе уживаме во околината и се разбира прекрасниот
незагаден воздух.
Викенд турата завршува тука во попладневните часови.
✓ Во зависност од вашите интереси и временските услови, предлог турата може да
претрпи одредени промени
Вклучено во цената:
✓ Едно ноќевања во 1/2 соби со појадок во хотел со 3 или 4*;
✓ Вечера (сабота) со еден пијалок во центарот на Битола;
✓ Организиранa пешачкa тура со лиценциран водич во археолошкиот
локалитет Хераклеја Линкестис и Битола;
✓ Влезница во Инфо Центарот во Националниот Парк Пелистер;
✓ Организиранa пешачкa тура со лиценциран водич во НП Пелистер;
✓ Ручек (недела) со вклучен пијалок во еден од рестораните во
подножјето на планината.
*Цена по лице - 5690 денари за група од најмалку 20 гости
Предлог бр. 2
Прв ден - Пристигнување во Битола во попладневните часови. Сместување во хотел
со 3 или 4 * во зависност од расположливите капацитет (хотел Капри, хотел Бела Куќа,
хотел Театар...). Следи организирана вечера во еден од битолските ресторани. Ноќевање
Втор ден - После појадокот се упатуваме кон археолошкиот локалитет Хераклеја
Линкестис кој се наоѓа на околу 3км од денешниот центар на Градот. Следи запознавање
со богатото културно наследство од тоа време и разглед на некогашните централни
објекти, со посебен акцент на фантастичниот римски театар и прекрасните подни
мозаици. Од тука продолжуваме кон најпознатто корзо или пешачка зона, популарниот
Широк Сокак. Слободно време за кафе/пијалок и уживање во погледот кон прекрасната
архитектура на самата улица и амбиентот кој не опкружува. Следи пешачката тура која
трае нешто повеќе од час и половина преку која ќе се запознаеме со најважните
историски случувања, објекти и настани кои оставиле длабок траг во Битола.
Претпладневна пешачка тура ја завршуваме во Старата битолска чаршија која е
една од најавтентичните на Балканскиот полуостров.
Околу 14:30ч имаме организиран ручек, на кој покрај познатите македонски
традиционални јадења, ќе имаме можност да уживаме и во неколку автентични битолски
специјалитети.
За оние гости кои се љубители на рекреативното пешачење, во попладневните
часови ја нудиме прошетката низ Градскиот Парк, се до популарното Тумбе Кафе.
Останатите гости имаат слободно време за шопинг.
Саботната вечер е резервирана за посета на најпознатото и единствено кабаре шоу
во Македонија во кабаре клубот Голд Фелиција. Можност да се ужива во една поинаква
забава од вообичаените излегувања и за момент да се почуствува магијата налик на
кабаре забавите од светските метрополи. Ноќевање.
Трет ден – Денот го започнуваме на најубавата планина во Македонија,
Националниот Парк Пелистер. Најпознат по борот Молика, но и богатиот фонд на флора и
фауна, Пелистер е најстариот национален Парк, прогласен на територијата на некогашна
Југославија. Најпрво го посетуваме Инфо центарот во кој ќе се запознаеме со најважните
нешта кои го красат Националниот Парк, а подоцна продолжуваме со пешачење по лесна
(20-25 мин во еден правец) или малку пострмна(70-80 мин во еден правец), обележана
планинарска патека. Можност да дишеме свеж планински воздух, да уживаме во
неверојатните пејсажи и да направиме фантастични фотографии.
Околу 14:00ч се упатуваме кон еден од најквалитетните ресторани на самата
планина (ресторан Вила Виста, Оскар, Чифлик) каде што покрај храната, ќе уживаме во
околината и се разбира прекрасниот незагаден воздух.
Викенд турата завршува тука во попладневните часови.
*Цена по лице - 8790 денари за група од најмалку 20 гости
Вклучено во цената:
✓ Две ноќевања во 1/2 соби со појадок во хотел со 3 или 4*;
✓ Вечера (петок) со еден пијалок во центарот на Битола;
✓ Ручек (сабота) во центарот на Битола со вклучен еден пијалок;
✓ Организиранa пешачкa тура со лиценциран водич во археолошкиот
локалитет Хераклеја Линкестис и Битола;
✓ Влезница во Инфо Центарот во Националниот Парк Пелистер;
✓ Организиранa пешачкa тура со лиценциран водич во НП Пелистер;
✓ Ручек (недела) со вклучен пијалок во еден од рестораните во
подножјето на планината.
✓ Во зависност од вашите интереси и временските услови, предлог турата може да
претрпи одредени промени
Предлог бр. 3
Прв ден - Пристигнување во Битола во попладневните часови. Сместување во хотел
со 3 или 4 * во зависност од расположливите капацитет (хотел Капри, хотел Бела Куќа,
хотел Театар...). Следи организирана вечера во еден од битолските ресторани. Ноќевање.
Втор ден - После појадокот се упатуваме кон веројатно најубавата планина во
Македонија, Националниот Парк Пелистер. Најпознат по борот Молика, но и богатиот
фонд на флора и фауна, Пелистер е најстариот национален Парк, прогласен на
територијата на некогашна Југославија. Најпрво го посетуваме Инфо центарот во кој ќе се
запознаеме со најважните нешта кои го красат Националниот Парк, а подоцна
продолжуваме со пешачење по лесна (20-25 мин во еден правец), обележана
планинарска патека. Можност да дишеме свеж планински воздух, да уживаме во
неверојатните пејсажи и да направиме фантастични фотографии.
Околу пладне се упатуваме кон центарот на Битола, кон најпознатто Корзо или
пешачка зона, популарниот Широк Сокак. Следи пешачката тура која трае нешто повеќе
од час и половина преку која ќе се запознаеме со најважните историски случувања,
објекти и настани кои оставиле длабок траг во Битола.
Претпладневна пешачка тура ја завршуваме во Старата битолска чаршија која е
една од најавтентичните на Балканскиот полуостров.
Околу 15:00ч имаме организиран ручек, на кој покрај познатите македонски
традиционални јадења, ќе имаме можност да уживаме и во неколку автентични битолски
специјалитети.
Слободно време за шопинг.
Саботната вечер е резервирана за посета на најпознатото и единствено кабаре шоу
во Македонија во кабаре клубот Голд Фелиција. Можност да се ужива во една поинаква
забава од вообичаените излегувања и за момент да се почуствува магијата налик на
кабаре забавите од светските метрополи. Ноќевање.
Трет ден - После појадокот се упатуваме кон Крушево. Лоциран на 1250м.
надморска височина, градот Крушево е највисоко населениот град на Балканот. Градот
меѓу македонците е познат и како град на хероите и легендите, како родно место на
бројни препознатливи имиња во македонската историја и уметничка сцена.
Незаменливиот Тоше Проески, сликарот Никола Мартиновски, револуционерите
Никола Карев и Питу Гули се меѓу најзначајните личности родени во Крушево. Мечкин
Камен, споменикот Македониум / Илинден како и спомен куќата на Тоше Проески ќе
бидат местата за посета на нашата двочасовна тура во Градот. Следи ручек во национален
ресторан кој ќе финишира со уникатниот десерт – крушевскиот локум.
Турата завршува во попладневните часови
*Цена по лице - 9190 денари (за групи од 20 или повеќе гости)
Вклучено во цената:
✓ Две ноќевања во 1/2 соби со појадок во хотел со 3 или 4*;
✓ Вечера (петок) со вклучен еден пијалок во центарот на Битола;
✓ Влезница во Инфо Центарот во НП Пелистер;
✓ Организиранa пешачкa тура со лиценциран водич во НП Пелистер
✓ Ручек (сабота) во центарот на Битола со вклучен еден пијалок;
✓ Организиранa пешачкa тура со лиценциран водич во Битола;
✓ Организиранa пешачкa тура со лиценциран водич во Крушево;
✓ Влезници за споменикот Македониум и спомен куќата на Тоше Проески;
✓ Ручек (недела) со вклучен пијалок во традиционален ресторан во
Крушево.
✓ Во зависност од вашите интереси и временските услови, предлог
турата може да претрпи одредени промени