• македонски јазик
  • English

За Битола

Добре дојдовте во Битола, град познат по својот шарм и гостопримство со многу културно-историски локации, специфична традиција и уникатна архитектура.
Ова е Градот на конзулите, градот на клавирите, градот на модата, градот на првата камера на Балканот…. Градот под Пелистер во себе крие  безброј приказни за серенадите и љубовта, пајтоните и боемите.

Лоциран на крстопат меѓу Истокот и Западот низ многу векови, „Манастир“ (турското име за Битола) долго време бил, е и секогаш ќе биде  космополитски град.

Првиот конзулат во Битола бил основан во 1851 година од страна на Австро-унгарската империја. Од тогаш па наваму, во период од речиси девет децении, Битола прерасна во Град на конзули, каде што околу стотина претставници  ги извршуваа своите дипломатски мисии до Втората светска војна. Жителите често напоменуваат и воедно се гордеат со податокот  дека градот влегол во 20 век со над 3.000 клавири во домовите на поимоќните. Многу докази потврдуваат дека за Битола се напишани и објавени повеќе од 600 песни, како за никој друг град во Европа.

Идејата на оваа веб-страница е да биде ваш туристички, гастрономски, културен и забавен водич за време на вашиот престој во најшармантниот град во Република Македонија. Што и да одберете, каде и да одите, сигурни сме дека ќе уживате и ќе добиете топло добредојде, квалитетна услуга и ќе создадете нови пријателства и незаборавни спомени.



Важни бројки и факти



• Висина: 580 метри надморска височина
• Население: 85.164
• Телефонски код + 389 47
• Поштенски број 7000
• Броеви за итни случаи
Полиција 192
Противпожарна единица 193
Брза помош 194
Итна помош на патиштата 196


Патно растојание од Битола до:



• Преспанско Езеро - 38km
• Крушево - 53km
• Охрид - 69km
• Скопје - 169km
• Аеродром Охрид - 77km
• Аеродром Скопје - 152km
• Аеродром Солун (Грција) - 250km
• Тирана (Албанија) - 198km
• Солун (Грција) - 220km
• Атина (Грција) - 565km
• Белград (Србија) - 566 km
• Софија (Бугарија) - 368 km
• Истанбул (Турција) - 815km